Димовски: Законот за Совет за јавни обвинители не е донесен, не гласаа по бадентер

од Aleksandar Todeski

Покрај хаосот при носење на Законот за Јавно обвинителство, ве известуваме дека и Законот за Совет на јавни обвинители не е донесен, посочи на прес конференција Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уставот во амандманот 10 вели дека во Законот кој ги опфаќа јазиците и културата, треба да се изгласа со бадентерово мнозинство. И самиот Талат Џафери најави дека Законот се гласа со апсолутно мнозинство и бадентерово мнозинство, а тој при хаосот не го стави на гласање со бадентерово мнзоиснтво. Ние го забележавме тој пропуст, но чекавме да се рапушти Собранието“, рече Димовски.

Тој апелираше до собранискиот спикер Талат Џафери и претседателот Стево Пендаровски да не го потпишат Законот, бидејќи не е донесен.

„Бадентерово мнозинство не беше употребено, овој Закон не е донесен и другиот не е донесен, но секако, едниот без другиот не можат да се донесат. Овој ден за власта е неуспешен“, посочи Димовски.

А.Т.

Слични содржини