Димовски: Законот за стратешки инвестиции се носи за бенефиции на определени фирми

од Aleksandar Todeski

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на прес конференција обвини дека СДСМ и мнозинството преку законот за стратешки инвестиции сакале во изборен период да даваат бенефиции на веќе очигледно договорени зделки без цврсти критериуми, со определени фирими и компании.

„Законот се предложи по скратена постапка, со европско знаменце. Направија фалисифкат повикувајќи се на регулатива која воопшто не тангира повеќе од 90% од овој закон. Оваа регулатива се однесува за трансевропски енергетски инфраструктури, а законов се однесува на повеќе од 10 други области. Со овој Закон може и плантажи со марихуана да бидат стратешки инвестиции во Македонија. Премиерот, министри од економскиот сектор и генералниот секретар на владата се ставени како членови на комисијата“, рече Димовски.

Според него, спроведувањето нема да подлежи на стручна, експертска или друга надворешна контрола. Тој вели дека со овој закон ќе се „протнат“ дефинирани компании кои ќе добијат низа бенефиции, спротивно на ЕУ регулативите.

Во самиот закон се предвидува дека ќе стапи во сила веднаш, што не е пракса на другите закони. Со овој закон владата предложи во рок од 7 дена да се предложат подзаконските акти.  Предлагаат јавниот повик да се објави до 31 јануари, а владата ќе може уште наредниот ден да ги прогласи како стратешки инвестиции. Овој закон не е закон за привлекување на странски инвестиции. Овој закон ќе се злоупотребува од две причини, првата е доделување стратешки статус на поодделни веќе одбрани компании. нема компанија која може да одлучи за 10 дена за стратешки инвестиции“, додаде Димовски.

Според пратеникот на опозициската партија, власта предизборно сака да претстави дека нешто направила во еконосмкиот сектор.

А.Т.

Слични содржини