Динев Иванов: Жалам за секој убиен во Македонија од страна на тогашната фашистичка влада на Бугарија

од Nikola Popovski

Бугарскиот професор Иван Динев Иванов вечерва се извини за тоа што го направила тогашната фашистичка влада на Бугарија во Македонија и за сите жртви.

-Јас жалам за секој еден човек кој е убиен во Македонија, а такви има и не само за тие кои се убиени во Македонија, туку и за тие кои се убиени во Грција во Драмското востание. Жалам за секој еден човек. Треба да се погледнеме со други очи, еден кон друг, и да продолжиме напред, рече Динев Иванов, во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Тој ја негираше соработката на Ванчо Михајлов со Хитлер и фашистите, но смета дека бил фашист.

Динев Иванов им порачал на македонските граѓани дека нема потреба од страв за некаква бугаризација.

-Не се плашете браќа и сестри Македонци, нема начин да има бугаризација, тоа ви го гарантирам, нема такво нешто, нагласил професоро и меѓу другото се заложил и за македонската иднина на ЕУ , каде според него ќе Македонија ќе влезе со зачуван идентитет.

Бугарскиот професор специјално допатувал од Софија за да гостува во денешната емисија на Тв Канал 5.

Слични содржини