Диневски: Ослободувањето од притвор беше последен момент да се исполни ветеното кон „заслугите“ на Мијалков

од Берта Китинска

На стивнуваат рекациите откако вчера Апелациониот суд на порашниот директор на Управата за државна безбедност (УБК),Сашо Мијалков му го укина притворот за случајот „Трезор“,а по неколку часа, првостепениот суд му одреди нов притвор од триесет дена за случајот „Плацови на Водно“.

Екс – разузнавачот Алексндар Диневски во изјава за „Локално“ вели дека не е изненаден од одлуката на Апелација за прифаќање на понудената гаранција и ослободување на Сашо Мијалков од притвор.

-Со одлуката само се потврдија моите поранешни сомневања за задкулисните игри и договори на мафијашките структури од политиката и судството за негово прикриено целосно аболицирање од кривична одговорност за криминалните дела за кои е осомничен или обвинет. Бевме сведоци на неоправдано одолговлекуваање на постапките, поништување на првостепените пресуди, застарување на делата, непокренување на постапки за повеќе познати и очигледни кривични дела, се’ со цел Мијалков да не заврши зад решетки. Ова сценарио беше срушено од страна на доблесните судии Туфегџиќ и Бегтовиќ кои судеа по словото на Законот и го осудија на вкупна казна од 20 години во два одвоени процеси („Таргет – Тврдина“ и „Трезор“) и покрај политичките притисоци на кои беа изложени и директно соработување на судии и обвинители во полза на Мијалков, вели Диневски.

Тој посочува скандалозната одлука на Апелациониот суд е потврда за целата ситуација која вчера во последен момент беше корегирана со друга одлука за притвор поради жестоките реакции и притисок на јавноста.

-Со тоа сценариото кое го спомнувам погоре времено е стопирано, но не и напуштено. Причините се познати: „заслугите“ на Сашо Мијалков во операцијата за менување на Уставот при промена на името и врските со интерпартиската мафија во земјата. Ова беше последен момент да се исполни ветеното!, подвлекува Диневски.

Екс – разузнавачот објаснува дека ослободувањето од притвор вообичаено се случува во текот на првостепената постапка кога престануваат причините заради кои е изречена согласно ЗКП како што е опасност од бегство, влијанието врз сведоците и опасност од повторувањето или довршувањето на кривичното дело.

-Одлуката на Апелациониот суд е скандалозна, незаконита и е преседан во досегашната судска пракса. Ослободувањето од притвор вообичаено се случува во текот на првостепената постапка кога престануваат причините заради кои е изречена согласно ЗКП – опасност од бегство, влијание врз сведоците и опасност од повторување или довршување на кривичното дело. Затоа, вообичаено мерката секогаш се изрекува за време од 30 денови и повторно се продолжува ако причините за неа сеуште постојат. Ослободувањето со гаранција е можно во овој дел од постапката кога единствена причина за мерката е опасност од бегство.Но, во случај кога имаме изречена судска пресуда со висока казна затвор и изречена мерка притвор до правосилност на пресудата ослободувањето од притвор е речиси невозможно, без оглед на висината на понудената гаранција. А, во конкретниот случај имаме две неправосилни пресуди од вкупно 20 години затвор, а против Мијалков се водат уште три други кривични процеси така што никаква гаранција не е доволна да ја апсорбира опасноста од бегство која сега е повеќекратно зголемена отколку на почетокот на судските процеси! Згора на тоа се работи за личност која има неколку патни исправи од други земји, имот во земјата и странство од поголем обем така што гаранцијата што се нуди може слободно да ја “жртвува“ во замена за слобода, објаснува Диневски.

Не траба да потсетува, вели тој додавајќи дека многу лесно и широко се применувала оваа мерка во време кога токму Мијалков и Хунтата на Груевски биле на власт во Македонија и кога речиси секој што бил пријавен за кривично дело завршувал во долготраен притвор кој траел со години, без шанса да добие предвреме прекинуавње на оваа мерка освен на коруптивен начин.

За тоа како ќе влијае оваа одлука во борбата за реформи на правосудството и дали ова е уште еден „клинец“ во ковчегот што се однесува до довербата на граѓаните , Диневски објаснува дека судксата власт во Македонија одамна ја има изгубено довербата кај граѓаните, а за тоа доказ се спроведените анкети на јавното мислење на граѓаните и меѓународните извештаи кои македонската држава ја квалификуваа како „хибриден режим“.

-Се очекуваше дека во изминатите пет години ќе се направат соодветни реформи кои ќе ја вратат довербата во судството и ќе обезбедат непречено функционирање на системот на владеење на правото. Наместо тоа и натаму се соочуваме со селективна правда, нестручност, партизација, корупција и силно политичко влијание на од страна на извршната власт во судскиот систем. А имавме големи надежи и очекувања со т.н. „Шарена револуција“ (Нема правда нема мир!) и ветеното а никогаш неисполнето исправање на неправдите со монтираните политички процеси од претходниот режим на Груевски!Последните скандалозни настани со одлуката на Апелација за која зборувам и постапката со списоците за помилување на осудените лица кое е актуелно деновиве само ги потвдруваат оценките погоре. Ние сме на дното…, вели тој.

Б.М.

Слични содржини