Дино паркот во Скопје се отвора наскоро: Диносаурусите ќе се движат и ќе испуштаат звуц

од Берта Китинска

Наскоро ќе биде отворена новата атракција во Скопје.

-ЗОО Скопје и Град Скопје го изградија Дино Паркот со најмногу диносауруси на Балканот-вкупно 41 во природна големина. Ваквите тематски паркови се светска туристичка атракција и покрај едукација нудат и забава, особено за најмалите.Дино Паркот во Скопје почна да се гради во октомври 2019, а ќе биде отворен многу скоро. Во тек се финалните подготовки, а за отворањето ќе ве известиме, соопштија од Скопје ЗОО.

-Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус како и поставки со мали диносауруси. Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни, неодамна најавија од Зоолошката градина.

 

Слични содржини