ДИПЛОМАТСКИ СПОР: Кина ги принудувала американските дипломати на анални тестови за Ковид-19?

од Nikola Popovski

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска негираше дека на американските дипломати во таа земја им биле земени анални брисеви на Ковид-19, откако медиумите објавија дека некои американски дипломати се жалат на оваа постапка, пренесува Ројтерс.

„Колку што ми е познато, од американскиот дипломатски персонал стациониран во Кина никогаш не беше потребно да се добие анален брис за тестот на Ковид-19“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Зао Лиџијан на денешната прес-конференција, наведува агенцијата.

Ројтерс известува дека американската медиумска онлајн платформа, Вајс, цитирала официјален претставник на Стејт департментот во средата дека ваквиот тест е направен по грешка и дека Кина соопшти дека ќе престане да користи брисеви за да ги тестира американските дипломати.

Слични содржини