ДИРЕКТНО ОД ПЕНЗИЈА: Хоџсон е новиот менаџер на Вотфорд

од Nikola Popovski

Рој Хоџсон е назначен за нов менаџер на Вотфорд, соопштија од клубот.

Искусниот Англичанец (74) на клупата на „Стршлените“ го наследи Клаудио Раниери, кој доби отказ по серијата лоши резултати.

Хоџсон минатото лето го напушти Кристал Палас и се пензионираше, но понудата на Ватфорд го убеди да се врати на работа по неколку месеци.

Поранешниот селектор на Англија е пред исклучително тешка задача да го спаси клубот во Премиер лигата. Тимот на последните осум натпревари освои само еден бод и со вкупно 14 го зазема претпоследното место.

Своето деби на клупата на „Стршлените“ ќе го има на 5 февруари против последнопласираниот Барнли, еден од главните противници за опстанок.

Најстариот стратег во Премиер лигата е трет менаџер на Ватфорд оваа сезона, откако пред Раниери тимот го предводеше Циско Муњоз.

Фото: Profimedia

Слични содржини