Директор на американско училиште обвинет за сексуално злоставување на ученик

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на едно средно училиште во Пенсилванија е обвинет по 30 точки за сексуален однос и контакт со ученик.

Роџер Вивер Фрид (34), поранешен директор на средно училиште во Вилијамспорт, е обвинет за одржување на долготрајна сексуална врска со ученик која продолжила откако ученикот завршил средно училиште.

Фрид е обвинет за 30 кривични дела од трет степен, вклучувајќи и секс со ученик.

Му нудел емоционална поддршка

Ученикот ѝ рекол на полицијата дека го контактирал Фрид околу 2015 година, откако забележал дека е популарен меѓу другите ученици. Набрзо почнал да му се доверува и да се потпира на него за емоционална поддршка, особено по смртта на еден од членовите на неговото семејство.

Во 2015 година, разговорите во училиштето се претвориле во бројни интеракции после часовите. Директорот му рекол на ученикот дека се како браќа и дека можат да зборуваат за се, особено за неговите сексуални потреби. Во 2017 година почнале да имаат сексуални односи, по што Фрид му рекол дека е многу важно да не се дознае за тоа бидејќи може да остане без работа.

Се гледале 4 до 5 пати неделно

Ученикот ѝ рекол на полицијата дека чувствува „огромна вина поради сексуалните средби“ кои се случувале 4 до 5 пати неделно, секогаш ноќе, во текот на следните две години од средното училиште.

Сексуалната врска траела до април 2022 година. Фрид во вторникот беше обвинет со кауција од 175.000 долари.

Слични содржини