Директор на СЗО: Повеќе од 80 проценти од вакцините се во земјите со висок и среден приход

од Nikola Popovski

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека вакцините против коронавирусот сè уште се надвор од досегот на најсиромашните земји.

Досега се користени скоро 900 милиони дози вакцини во светот, но повеќе од 81 процент отидоа во земји со висок и среден приход, додека земјите со ниски примања добија само 0,3 проценти, се вели во извештајот на Гебрејесус.

Според меѓународната програма „Ковакс“, повеќе од 40 милиони дози вакцини се испратени во 118 земји.

Целта на таа програма е да се обезбедат две милијарди дози до крајот на годината, според Ројтерс.

Гебрејесус изјави дека во сиромашните земји помалку од пет проценти од луѓето се тестираат за присуство на вирусот во однос на богатите земји.

Слични содржини