Директорите на ЕСМ и РЕК Битола ја дочекаа Новата година со дежурните работници

од Nikola Popovski

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола кои за новогодишната ноќ беа на дежурство. Ковачевски и Матевски им ја честитаа новата година и на работниците кои утрово се дежурни на своите работни места во комбинатот, соопштија од Електродистрибуција.

Ковачевски и Матевски им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава.

-Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија со менаџментот желбите за добро здравје во новата година и успех во работата.

Повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола!, информираат од АД ЕСМ.

Слични содржини