Актуелно
Почетна / Македонија / Директорката на ДЗСИ во самоизолација, имала контакт со заразено лице

Директорката на ДЗСИ во самоизолација, имала контакт со заразено лице

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), Ирина Бухова Сотирова ќе биде во самоизолација 14 дена откако била во контакт со заразено лице, стои на сајтот на ДЗСИ.

„По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство.

Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми.

Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемолошката препорака, ќе останам дома.

Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца“, посочува таа.

loading...