Директорката на Хуавеи постигна договор со обвинителството на САД

од Vladimir Zorba

Двајца канадски државјани кои Кина ги држеше притворени повеќе од 1.000 дена го напуштија кинескиот воздушен простор и во сабота ќе се вратат во Канада, објави канадскиот премиер Џастин Трудо, откако претходно во петокот беше постигнат договор помеѓу извршниот директор на САД и Хуавеи, Менг Ванжоу, за завршување на случајот против неа.

Поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и бизнисменот Мајкл Спавор, кои во Канада станаа познати како „двајцата Мајкли“, беа уапсени во Кина само неколку дена откако полицијата во Ванкувер ја уапси финансиската директорка на Хуавеи, Менг Ванжоу, воедно и ќерка на основачот на тој концерн Рен Женгфеи во декември 2018 година, врз основа на американска потерница.

Набргу откако Трудо го објави нивното враќање во Канада, тамошните медиуми објавија дека Менг полетала за Кина откако постигнала договор со американските власти.

„Пред 12 минути Мајкл Ковриг и Мајкл Спавор го напуштија кинескиот воздушен простор и се на пат кон дома. Овие двајца луѓе поминаа низ неверојатно тешка ситуација, но за сите нас е инспиративна и добра вест дека тие се на пат да се вратат дома и своите семејства“, им рече Трудо на новинарите, цитирани од Ројтерс.

Претходно во петокот, светските медиуми објавија дека финансискиот директор на Хуавеи, Менг Ванжоу, постигнала договор со американските обвинители за затворање на случајот против неа поврзан со обвинувања за измама и кршење на американските санкции против Иран.

Договорот важи само за Менг, а американското Министерство за правда објави дека се подготвува за судење против Хуавеи.

Со договорот, Менг може да ја напушти Канада откако помина речиси три години во домашен притвор во Канада.

Договорот, исто така, ќе ги намали дипломатските тензии меѓу Кина, САД и Канада.

Долгогодишната драма околу екстрадицијата на Менг во САД беше извор на несогласување меѓу Пекинг и Вашингтон, а кинеските власти јасно ставија до знаење дека случајот треба да се прекине за да се стави крај на дипломатскиот спор меѓу двете најголеми светски сили.

Нејзиното апсење ја воведе Канада во дипломатски конфликт кога Кина уапси двајца Канаѓани, кратко откако беше уапсенса Менг.

Иако официјален Пекинг цело време инсистираше на тоа дека случаите не се поврзани, либералната влада на Трудо ја обвини Кина за заложничка дипломатија.

Слични содржини