Директорката на Инфективна: Црно сценарио со ковид-19 не ни бега ако се однесуваме вака

од Берта Китинска

Кога на некој ваш близок живот ќе му биде во ризик, тогаш ќе стигне вербата дека постои ковид-19, вели доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Докторката на прашањето во кое сценарио би ја сместила Македонија од трите што ги предвидува Светска банка за земјава во зависност од употребата на мерките, таа вели дека црно сценарио со ковид-19 не ни бега ако се однесуваме вака.

„Секако ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио од која било категорија нема да ни избега, мораме да се вратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија. А тоа е навистина толку многу пати повторено на сите различни нивоа, во смисла да се допре до сите различни таргет цели за примена на овие препораки и информации“, вели Стевановиќ.

Во интервјуто таа предупредува и на тоа дека не треба да дозволиме да почнеме да веруваме дека постои вирусот дури тогаш кога некој наш близок ќе има потреба од болница и од сериозно лекување.

„Веројатно бројката на луѓе кои ќе имаат сериозна потреба од медицинско-болничко лекување ќе стигне до секој еден, кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш вербата и ќе стигне. Но страшно е ако го дозволиме тоа навистина ќе почнеме да ја губиме сериозно битката со ковид, не смееме да дозволиме вакви драстични, лични и емотивни случувања да ни бидат расветлување, разбистрување на свеста и стигање на информацијата, сето тоа може да биде многу полесно“,
објаснува Стевановиќ.

loading...

Слични содржини