Директорката на МАЛМЕД тврди дека во земјава нема тестови за коронавирус кои не се регистрирани

од Берта Китинска

Во земјава нема тестови за коронавирус кои не се регистрирани во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), соопшти денеска директорката на МАЛМЕД, Висаре Риза.

На прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, директорката на МАЛМЕД информираше дека се користат тестовите за одредување на присуство на вирусот и тестовите за присуство на антитела.

– Покрај тестовите кои служат за одредување на присуство на вирусот во организмот, постојат и тестови кои се имунолошки и кои може да го утврдат присуството на антитела. Едно правно лице има доставено до МАЛМЕД барање за запишување во регистарот и постапката е во тек, рече Риза, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини