Директорката на ММФ ги негираше наводите за влијанието на Кина врз Светската банка

од Vladimir Zorba

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева во саботата ги отфрли обвинувањата во независниот извештај за нејзината наводна улога во скандалот со местење податоци, поврзани со Кина додека беше извршен директор на Светската банка, велејќи дека има „фундаментални грешки“ и „замена на тези“.

Таа ја обвини канцеларијата на поранешниот претседател на Светската банка Џим Јонг Ким за манипулација, тврдејќи дека понудила да ги вклучи податоците од Хонг Конг во рејтингот на Кина во годишниот „Doing Business List“ за 2018 година, така што Кина ќе биде на седмото место, пренесе Ројтерс.

Георгиева се соочува со повици да поднесе оставка поради извештајот, подготвен на барање на етичката комисија на банката од адвокатската канцеларија „Вилмер Хејл“.

Во извештајот се наведува дека лидерите на Светската банка, вклучително и Георгиева, извршиле „несоодветен притисок“ врз своите вработени со цел да го подобрат рангот на Кина во извештајот на банката „Doing Business 2018“.

Извештајот ја зголеми загриженоста за влијанието на Кина врз Светската банка, пресудите и одлуките на Георгиева и тогашниот претседател на Светска банка, Џим Јонг Ким.

По објавувањето на извештајот, Светска банка привремено го суспендираше објавувањето на годишниот „Doing Business List“ за деловната клима.

Слични содржини