Директорот на агенција за филм ќе поднесе оставка?

од Aleksandar Petrovski

Горjан Тозија, директорот на агенција за филм ќе поднесе оставка, велат наши извори.

Ова доаѓа по навредливите изјави за Република Хрватска, кои Тозија ги објавуваше на социјалните мрежи.

По тој повод реагираше и хрватското министерство со соопштение. Амбасадорката на Хрватска во Македонија веќе им укажа на претставници на македонската влада за неприфатливите изјави на Тозија.

„Во телефонски разговор, министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ му укажа на колегата Никола Димитров на овие неприфатливи изјави. Димитров се огради од индивидуалните изјави, кои, како што рече, не ја отсликуваат надворешната политика на Северна Македонија.

Соговорниците се согласиле дека овие изјави на Тозија не ја одразуваат вистинската слика за традиционално пријателските односи на двете држави. Побарано е јавно извинување од Тозија заради недозволивите објави, кои несомнено заслужуваат секаква осуда“, се вели во соопштението на МНР на Хрватска.

Претходно со отворено писмо поддршка на Тозија му даде познатиот актер Раде Шербеџија.

Слични содржини