Директорот на АВМУ, Трајчевски оствари средба со евроамбасадорот, Дејвид Гир

Работна средба денес во просториите на Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги, остварија директорот на институцијата, Зоран Трајчевски и евроамбасадорот во С.Македонија, Дејвид Гир.

Како што информираа од АВМУ, на средбата било зборувано за повеќе прашања врзани пред се за надлежностите на Агенцијата.

„Фокусот беше ставен на тековниот процес на измени на Изборниот законик, активностите на Агенцијата кои произлегуваат од законите за медиуми и нејзиниот капацитет за реализација, планираните медиумски реформи, потребата од усогласување на домашната медиумска легислатива со европската Директива за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, стои во соопштението.

На средбата, како што се наведува, беше констатирано дека меѓусебната соработка е од исклучително значење и дека со ваквата пракса треба да се продолжи и во иднина.

Слични содржини