Директорот на Австралија опен: Малку е неправедно кон Ѓоковиќ

од Nikola Popovski

Директорот на Австралија опен (АО), Крег Тајли изјави дека се уште не знае дали најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе учествува на првиот Грен слем турнир во сезоната.

Ѓоковиќ не објави дали е вакциниран или не, а се уште официјално не објави дали годинава ќе се натпреварува во Австралија.

„Беше малку неправедно кон Новак“, рече Тејли, повикувајќи се на медиумските извештаи кои, без основа, велат дека Ѓоковиќ побарал медицинско ослободување за да дојде невакцицниран во Австралија.

-Тој рече дека неговите медицински информации се приватни и доверливи, додал Тејли.

Директорот на АО, исто така, рече дека АТАГИ, советодавната комисија во Владата на Австралија задолжена за имунизација, ветува целосна анонимност на оние кои се пријавуваат за медицинско ослободување.

Австралија опен започнува на 17 јануари.

Слични содржини