Директорот на Државниот студентски центар позитивен на корона

од Vladimir Zorba

Директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

„И покрај дословното придржување и почитување на мерките сум позитивен на коронавирусот Ковид-19 и според препораките останувам во изолација. Коронавирусот е насекаде околу нас, бидете внимателни и доколку имате симптоми останете во изолација. Само така ќе ја намалиме трансмисијата. Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас“, посочи тој.

Слични содржини