Актуелно
Почетна / Глобално / Свет / Директорот на кинескиот центар за превенција на болести: Најголема грешка е што не носите маски

Директорот на кинескиот центар за превенција на болести: Најголема грешка е што не носите маски

Кинеските научници не беа особено достапни за странските медиуми на почетокот на епидемијата од коронавирус (КОВИД-19) во таа земја.
Многумина беа презафатени од нивните обиди да ја разберат и да се борат против нивната епидемија, а одговорот на барањата на медиумите, особено на новинарите надвор од Кина, не беа главен приоритет.

Два месеци американското списание Science се обидува да го интервјуира Џорџ Гао, генералниот директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, и сега тие успеаја.

Гао надгледува 2000 вработени и во јануари беше дел од тимот кој ја изврши првата изолација и секвенционирање на Тешкиот акутен респираторен синдром 2 (SARS-CoV-2), вирус кој предизвикува КОВИД-19.

Неговиот тим, исто така, обезбеди важни информации до заедничката комисија помеѓу кинеските истражувачи и тим меѓународни научници, организиран од Светската здравствена организација (СЗО), кој напиша значаен извештај по турнејата низ земјата за да го разбере одговорот на епидемијата.

Гао има докторат по биохемија од Универзитетот во Оксфорд, постдокторски стипендии од универзитетот Харвард и специјализирал имунологија и вирологија. Неговото истражување е специјализирано за вируси кои имаат кревки липидни мембрани наречени пликови – група која вклучува SARS-CoV-2 – и како тие влегуваат во клетките и, исто така, како се движат помеѓу видовите.

Гао ги истакна петте чекори што ги презеде Кина, од кои другите земји можат да научат.

„Прво, користевме „нефармацевтски стратегии“ затоа што немате лекови и нема вакцини. Второ, треба да бидете сигурни дека ќе го изолирате секој случај. Трето, блиските контакти треба да бидат ставени во карантин затоа што е потребно многу време во обидот да најдете други блиски контакти. Четврто, да суспендирате јавни собири. Петто, ограничете го движењето“, рече Гао.

На прашањето какви грешки прават другите земји во однос на Кина, тој рече дека „голема е грешка во САД и Европа е што луѓето не носат маски“.

“Големата грешка во САД и Европа, според мое мислење е дека луѓето не носат маски. Овој вирус се пренесува преку капки и близок контакт. Капките играат многу важна улога – мора да носите маска, затоа што кога зборувате секогаш од уста ви излегуваат капки. Многу луѓе имаат инфекција без симптоми или се во пред-симптоматска фаза, но се заразни за другите. Ако тие носат маски за лице, тоа може да спречи капките што го носат вирусот да се шират и инфицираат други”, рече кинески експерт.
Изворот на вирусот се вели дека е од пазар во Вухан, но дека постои можност тоа да е местото на која се проширил. Кина соопшти дека вирусот повеќе не се пренесува локално, при што кинеските научници сега работат на вакцини и лекови, чие тестирање почнува во април.

loading...