Директорот на „Модерна“: Наскоро ќе можат да се вакцинираат и бебињата

од Nikola Popovski

Стефан Бансел, извршен директор на компанијата „Модерна инк“, верува дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши за една година, имајќи предвид дека зголеменото производство на вакцини обезбедува глобални резерви.

„Ако го погледнете проширувањето на производствениот капацитет во индустријата во последните шест месеци, доволни дози треба да има до средината на следната година, за да можат сите во светот да се вакцинираат“, рече Бансел за швајцарските медиуми, додавајќи дека бустер дозите треба исто така да бидат достапни.

Тој најавува дека вакцинацијата против вирусот наскоро ќе биде можна и за новороденчињата.

„Оние кои не се вакцинираат ќе бидат имунизирани природно, бидејќи делта сојот е многу заразен. Во овој случај, ќе завршиме со ситуација слична на ситуацијата со грип: или ќе се вакцинирате и ќе имате безбедна зима, или нема да бидете вакцинирани и ризикувате да се разболите, а можеби и да завршите во болница “, објаснува извршниот директор на „Модерна“.

Бустер вакцината на Модерна содржи половина од оригиналната доза на вакцината, што значи дека ќе има повеќе достапни. Составот на засилувачката доза останува ист како и со оригиналната вакцина за оваа година, бидејќи „Модерна“ немаше доволно време да ја промени.

„Во моментов тестираме вакцини кои се прилагодени за варијантата делта во клиничките испитувања. Тие ќе ја формираат основата на зајакнувачките бустер вакцини за 2022 година. Тестираме и делта плус бета, следната мутација за која научниците веруваат дека е можна“, објави Стефан Бансел, додавајќи дека цената на вакцината ќе остане непроменета.

Слични содржини