Директорот на нуклеарната централа Запорожје не се враќа на работа

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, Игор Мурашов, кој неодамна беше уапсен во, како што оцени Украина, терористички чин од Русија, а потоа беше ослободен, нема да се врати на својата работа во нуклеарната централа, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

„IAEA разбра дека господинот Мурашов сега е со своето семејство на територијата контролирана од Украина и дека нема да ги продолжи своите должности во нуклеарната централа“, се вели во соопштението на IAEA.

IAEA додава дека засега не се знае кој ќе го замени Мурашов на местото управител на нуклеарната централа Запорожје.

Слични содржини