Директорот на СЗО бара истрага за тврдењата за излезот на Ковид 19 од кинеска лабараторија

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) повика денес на нова истрага од експерти за наводите за „протекување на коронавирусот“ од кинеска лабораторија и го критикуваше недостатокот на пристап до податоци од меѓународни експерти.

Иако експертите кои го испитале потеклото на вирусот во Кина во јануари и февруари, сметаат дека е малку веројатно наводите за лабораториско протекување, потребна е дополнителна истрага, веројатно со нови мисии со специјализирани експерти, подготвен сум да ги распоредувам “, рече генералниот директор на СЗО Тедрос  Аданом Гебрејезус.

Хипотезата дека вирусот корона можел да „избега“ од лабораторијата ја бранеше претходната американска администрација на Доналд Трамп, заснована на разузнавачки податоци.

Кина отсекогаш негирала таква можност.

Гебрејезус зборуваше непосредно пред официјалното објавување на извештајот за потеклото на вирусот корона и прес-конференцијата на некои меѓународни експерти кои отпатуваа во Кина во јануари 2021 година за да спроведат истрага за вирусот корона, кој првпат се појави во Вухан во декември 2019 година.

Директорот на СЗО рече дека меѓународните експерти имале потешкотии во пристапот до податоците за време на нивниот престој во Кина.

„Се надевам дека новите заеднички студии ќе се базираат на поширока и побрза размена на податоци“, додаде Гебрејезус.

Шефот на делегацијата на експерти, Питер Бен Ембарек, изјави дека и во Кина, како и на други места, некои податоци не можат да се споделуваат заради приватност.

„Извештајот е многу важен почеток, но тој не е последниот збор“, рече директорот на СЗО.

Слични содржини