Директорот на СЗО: И вакцинираните го пренесуваат вирусот

од Milan1

Директорот на Светската здравствена организација , Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека вакцинираните луѓе може да имаат лажно чувство на сигурност дека се целосно заштитени, поради што сметаат дека не мора да применуваат никакви мерки за заштита.

– Вакцините спасуваат животи, но не го спречуваат целосно пренесувањето на вирусот. Податоците покажуваат дека вакцините го намалиле преносот на вирусот за околу 60 отсто пред доаѓањето на варијантата делта. Со доаѓањето на делта варијантата, таа бројка падна на 40 отсто. Доколку сте вакцинирани, имате многу помал ризик тешко да се разболите или да умрете, но сепак постои ризик да се заразите и да заразите други, изјави Гебрејесус.

Тој посочи дека мерки треба да применуваат и лицата кои ја примиле вакцината.

„Тоа значи да носите маска, да држите дистанца, да избегнувате гужви и да бидете со луѓе или надвор, ако можете, или во добро проветрени простории“, додаде директорот на СЗО, повикувајќи ги државите да продолжат да ги применуваат мерките за јавно здравје.

Ова предупредување доаѓа во време кога празниците се се поблиску, а бројот на заболени расте во многу европски земји, поради што повторно се воведуваат рестриктивни мерки.

Засега Австрија отиде најдалеку во обидот да го заузда сегашниот бран, воведувајќи неколку неделен карантин.

Слични содржини