Директорот на СЗО: Ќе ја испратиме потребната помош на Србија

од Nikola Popovski

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адхан Гебрехесус изјавил дека СЗО ќе испрати неопходна помош на Србија во борбата против коронавирусот, во согласност со достапните ресурси, соопштува српското Министерството за надворешни работи.

Тој во телефонскиот разговор со министерот Ивица Дачиќ, рекол дека на светот денес му е потребна солидарност повеќе од кога било, бидејќи тоа е проблем што ги засега сите и може да се надмине само преку заедничко дејствување.

Дачиќ го известил генералниот директор за тековната состојба и активности што Владата на Србија ги презела за да го заштити своето население.

Тој изрази загриженост дека зголемувањето на бројот на пациенти во наредниот период може да доведе до недостаток на потребна медицинска опрема, тестови за откривање на вируси и дезинфекција и побарал од генералниот директор да испрати потребна помош од СЗО.

Дачиќ и генералниот директор Гебрехесус се долгогодишни пријатели од времето кога Гебрехесус беше министер за надворешни работи на Етиопија.

По разговорите, генералниот директор на СЗО му се заблагодарил на министерот Дачиќ преку својот Твитер профил , посочувајќи дека СЗО ќе ја поддржи Србија во борбата против коронавирусот.

Слични содржини