Директорот на СЗО: Пандемијата може да биде ставена под контрола

од Vladimir Zorba

Пандемијата може да биде ставена под контрола, но само доколку владите преземат акција за спречување на преносот на коронавирусот во заедниците, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој очекува дека бројот на заразени со вирусот ширум светот ќе надмине 20 милиони оваа недела, објави Би-Би-Си.

Без вакцината, единствениот начин за контрола на Ковид-19 се основните мерки: миење на рацете, оддалечување, носење маски и ригорозно тестирање, следење и изолација, рече Тедрос.

Овие основни мерки се клучни за да се спречи повторување на болеста и владите мора да обезбедат соодветна контрола на преносот во заедниците за да можат училиштата повторно да се отворат, рече тој.

„Мојата порака е кристално јасна: сузбивање, сузбивање, сузбивање на вирусот“, истакна Тедрос на брифингот на СЗО во Женева.

Слични содржини