Директорот на СЗО: Пандемијата не е ни близу до крајот

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габрејесус изјави денеска дека пандемијата на коронавирус не е ни при крај и нема да заврши наскоро.


„Пандемијата не е ни близу до крајот“, рече тој на прес-конференција во Женева.

„Иако многу земји напредуваа низ целиот свет, пандемијата всушност се шири побрзо. Сите сме заедно во ова и долгорочно сме во тоа. Веќе изгубивме многу, но не смееме да изгубиме надеж“, рече тој.

Тедрос исто така рече дека денес поминале шест месеци откако СЗО ги доби првите информации за пневмонија што се случила од непознати причини. Подоцна се покажа дека е коронавирус.

„Денес се навршуваат шест месеци од првиот извештај за вирусот и тој се совпаѓа со 10 милиони заразени и 500.000 смртни случаи“, додаде тој.

Тој рече дека сме во време кога треба да размислиме за напредокот што го направивме и за лекциите што ги научивме и да се посветиме на тоа да сториме сè за да спасиме животи.

„Пред шест месеци, никој не можеше да замисли дека нашиот свет и живот ќе изгледаат вака“, заклучи тој.

Слични содржини