Директорот на тетовската болница бил одговорен за безбедноста на модуларниот објект

од Nikola Popovski

Заштитата од пожар во модуларната ковид-болница во Тетово била обврска на директорот на болницата Тетово, Флорим Бесими, заедно со одговорно лице во болницата, преставници на Општина Тетово како и комунален инспектор. Сето ова стои во заедничките документи за изградба на проектот на МТСП, Светската банка и МЗ.

Од ОЈО пак велат дека и денеска на сослушување во тетовското јавно обвиниелство се членови од семејствата на жртвите во пожарот. Истрагата сеуште е во тек, а надлежните ги очекуваат извештаите од гермаските експерти кои треба да ги утвцрдат причините за пожарот најдоцна за две недели.

Директна надлежност за модуларниот објект имала и општината. Локалната власт во Тетово, според документот, била вклучена во контрола на изградбата на објектот, неговата функционалност и примената на заштитни механизми за што требало да има свој супервизор, а обврска да го надгледува процесот имал и градежниот инспектор.

Според „Планот за еколошки и социјален менаџмент“, локалните власти се надлежни во речиси сите фази од изградба и контрола на модуларните болници, а други технички обврски има и изведувачот, односно фирмата „Брако“ која ги градеше модуларните болници.

Слични содржини