Директорот на ЗОО Скопје за „Локално“ откри кои нови животни ќе пристигнат неделава

од Stefanija Kuzmanovska

Неделава стигаат нови црни крокодили и мари. Секако ние постојано преговараме за нови животни, откри за „Локално“ директорот на ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ Ѓорѓи Галетановски.

Галетановски наведе дека по бројот на живеалишта и програма ЗОО, Скопје веќе ги има надминато некои од регионалните зоолошки градини.

„Дино паркот ќе биде отворен после 16 мај, ќе има посебен влез од кај Град Скопје“, изјави тој.

Немилиот инцидент од неодамна кога посетители ја малтретираа лавицата Бела, Галетановски го коментираше како катастрофален настан.

„Само со зголемување на бројот на вработени и комунална полиција може да се спречат ваквите инциденти 100 проценти“, вели директорот на Зоолошка градина.

Дали се зголемени приходите и посетите во ЗОО Скопје откако се воведени новитетите и се донесени новите животни?

-Да зголемени се, но зголемен е и фондот на животни живеалишта.

Неодамна бевме сведоци на немил настан кога посетители ја малтретираа лавицата Бела. Како да се сопрат вакви инциденти во иднина?

-Катастрофален настан. Само со зголемување на бројот на вработени и комунална полиција може да се спречат 100 проценти.

Кога е во план да се отвори Дино паркот за посетители и дали ќе има специјални влезници за него?

-Дино паркот ќе биде отворен после 16 мај, ќе има посебен влез од кај Град Скопје, влезот ќе биде 50 денари.

Дали Скопската ЗОО може да се мери со регионалните по бројот на животни и содржини?

-Веќе поминавме некои од нив, не знам по бројот на животни но по живеалишта и програма сигурно да.

Дали имате специјални програми за деца кои вклучуваат едукатор кој ќе им објаснува за животните во ЗОО Скопје?

-Секако. Имаме едукатори кои работат со групи на деца кога имаме групни посети, озвучени одат со нив и им раскажуваат.

И покрај бројните знаци да не се хранат животните, во минатото луѓето често ги игнорираа овие предупредувања и фрлаа разна храна во кафезите. Дали се подигна свеста на граѓаните да не ги хранат животните?

-Се подигна, но делумно. Сепак како што кажав мора да има комунална полиција и се надевам дека МВР и Град Скопје побрзо ќе го спроведат тој проект.

Според вас, дали посетителите ги почитуваат ковид протоколите? Дали носат заштитни маски и одржуваат дистанца? Има ли лице одговорно кое се грижи овие протоколи да се спроведуваат и почитуваат?

-Протоколите се запазуваат. Голем дел носат маски, има и некои што одбиваат. Нашите вработени ги потсетуваат. Има инспектори и од Град Скопје.

Дали пингвите, како најнови членови на ЗОО Скопје, се прилагодија на новата животна средина?

-Овие од Италија се прилагодија. Уживаат во условите. Ги чекаат уште Русите па да бидат пуштени во надворешното живеалиште.

Дали во блиска иднина можеме да очекуваме нови животни во ЗОО Скопје?

-Па да. Неделава стигаат нови црни крокодили и мари. Секако ние нонстоп преговараме за нови животни.

С.К.

Слични содржини