Директорот за финансиска технологија го напушта Facebook

од Vladimir Zorba

Директорот за финансиска технологија на Facebook, Дејвид Маркус, ја напушта компанијата на крајот на годината за да „почне да работи на нешто ново“, објави Ројтерс.

Маркус ги надгледуваше напорите на Facebook да развие криптовалута позната како „Diem“ и апликација за дигитален паричник наречена „New“, а неговото заминување носи нов предизвик за финансиската и техничката единица на компанијата, пренесува Танјуг.

Извршниот директор Марк Закерберг му се заблагодари на Маркус за неговиот придонес во развојот на Diem и другите големи развојни проекти на компанијата.

„Не би имале толку голем замав со „Diem“ без вашето водство и благодарен сум што ја направивте Меtа место каде што правиме големи инвестиции“, рече Закерберг.

Маркус му се придружи на Facebook доаѓајќи од PayPal во 2014 година и го водеше проектот Facebook Messenger, пред да продолжи да работи на финансиски алатки.

Facebook, кој го промени своето корпоративно име во Меtа минатиот месец, ги прекина глобалните планови за Diem, проект порано познат како Libra, откако регулаторите се загрижени дека услугата може да добие преголема контрола врз монетарниот систем, да дозволи криминал и да ја наруши приватноста на корисниците.

Слични содржини