„ДИВА“: Карлеуша се истетовира на незгодно место (ФОТО)

од Nikola Popovski

Пејачката Јелена Карлеуша често објавува провокативни фотографии на својот Инстаграм профил, што во најмала рака се шокантни, што е случај и со последната што ја објави.

Имено, Јелена објави фото-портрет, а во преден план е нејзината нова тетоважа. Таа го истетовирала зборот „дива“, што значи „диво“, на внатрешноста на долната усна.

„Дива“, напиша Јелена, додавајќи тетоважа на усните во хаштагови.

Нејзината нова тетоважа, инаку трета по ред, предизвика ентузијазам кај нејзините фанови кои не престануваат да коментираат за „смелиот“ потег на Карлеуша.

„Досега не сме виделе вакво нешто“, „Леле дива“, „Не си реална“, се дел од комплиментите што некои ѝ ги испратиле, додека некои дури го осудиле ваквиот потег.

Фотографијата на Јелена собра скоро 50 илјади лајкови за краток временски период.

Слични содржини