Екипа на дојранското комунално претпријатие „Комуналец – Полин“, денеска повторно спроведе акција за чистење на малата дива депонија на улицата „Едвард Кардељ“ што ја создаваат несовесни граѓани.

Комуналците велат дека од дивата депонија подигнале големи количини градежен шут, електрични апарати, дотраени делови од мебел и зелен отпад и покрај тоа што депонијата била исчистена за време на летната сезона.

-Ова не е прв пат да се интервенира на истата локација и затоа апелираме до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и свест да дадат придонес за поздрава и чиста животна средина, велат од Општина Дојран.

Слични содржини