Дивац и Кустурица дојдоа да го бодрат Партизан во Манчестер, па го сретнаа Алекс Фергусон (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Владе Дивац и Емир Кустурица дојдоа во Манчестер да го бодрат Партизан против Јунајтед во рамките на Лига на Европа.

Фото: фк партизан

Кога стигнаа на Олд Трафорд во друштво на раководството на Партизан го сретнаа легендарниот тренер на Јунајтед, сер Алекс Фергусон кој со задоволство се фотографираше со нив.

Црно-белите убедливо беа поразени со 3:0.

Слични содржини