Дизелот од ноќеска поскапува, а цената на бензините останува иста

од Andreja Salpe

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 67, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 69 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,149 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 34,443 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 1,243 отсто и кај дизелот за околу 2,111 отсто, како и за 0,524 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

loading...

Слични содржини