ДИЖС: Мазутот кој годишно се набавува, БЕГ односно „Топлана Исток“ го троши за 15 дена

Државниот инспекторат за животна средина во рамки на извршената проверка на резервоарите за мазут и начинот на постапување со отпадот, идентично како и опасниот отпад, во „Топлана Исток“ во сопствеништво на Балкан енерџи груп, утврди дека мазутот кој се набавува на секоја година, БЕГ го троши за 15 дена.

„И покрај објавувањето на годишни јавни набавки, БЕГ не набавиле, односно, не користеле мазут од 2013 година, во која биле гасифицирани. Во резервоарите нема складирано мазут, односно единствено гориво што се користи како енергенс е природен гас. Извештаите за дневна потрошувачка на гориво од страна на БЕГ изработени од Регулаторна комисија за енергетика потврдуваат дека БЕГ не користи воопшто мазут како енергенс. Меѓутоа, доколку дојде до прекин на снабдување со гас во грејната сезона во 2021 година, со потенцијално користење на мазут ќе се емитираат големи количества на штетни гасови“, информираа од ДИЖС

Исто така, тие велат и дека неопходно е да се измени Законот за енергетика и наместо задолжувањето за набавка на мазут како алтернатива на гасот, да се бара воведување обновливи извори или други еколошки енергенси.

Од Државниот инспекторат за животна средина наведуваат дека ќе продолжат да вршат редовни контроли на топланите во БЕГ во текот на целата грејна сезона.

Слични содржини