ДИЖС: Прибавени докази за лице кое фрлало шут и палело трски на крајбрежјето во Струга

Обезбедени се докази против лице кое ангаѓирано градежна механизација за насип и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја во Струга, како и траги од опожарена трска. Ваквите докази како што соопштија, се прибавени од страна на Држабниот иснпекторат за животна средина и Одделението за внатрешни работи.

„Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот. Подготвена е кривична пријава што денес се доставува до надлежното Јавно обвинителство. Правниот основ на тужбата е членот 230 од Кривичниот законик „Загрозување на животната средина и природата со отпадни материи”, според кој може да се изрече казна затвор од три месеци до три години“, посочија од ДИЖС.

Од Инспекторатот нагласија дека нема да дозволат загадување на животната средина, особено во регион кој е впишан на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство.

Слични содржини