ДИЖС: Во УСЈЕ нема надминување на граничните вредности на емисија

од Nikola Popovski

Државниот пазарен инспекторат за животна средина (ДПИЖС) при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) изврши увид за реализација на задолженија од страна на „Цементарница УСЈЕ“.

-Правниот субјект постапи по издаденото решение во инспекциска постапка од страна на Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Скопски регион при што во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 MW во котларата за загревање на фабриката отпочна со користење природен гас како гориво. Исто така беа извршени мерење на емисија на гасови од емитерот-оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина. Од пристигнатиот извештај е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија, информираат од ДПИЖС.

Од таму информираат и дека правниот субјект реализирал и мерења на 8 емисиони точки согласно А-ИЕ Дозвола од сите производни делови кои се во работен режим со две акредитирани лаборатории за животна средина. Останати 4 мерни места поради редовен годишен ремонт на ротациона печка 4 и придружни работни единици ќе се мерат дополнително. Од пристигнатите извештаи е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија, стои во објавата.

Информираат дека една од двете печки (ротациона печка бр.4) е во ремонт и истата не е во работен режим.

-Цементарница УСЈЕ А-Дозволата за усогласување со оперативен план ја поседуваше од 2011 година, измена на А-ДУОП беше направена во 2013 година, а А-Интегрираната Еколошка Дозвола ја поседува од 2020 година. Дозволите ги издава МЖСПП. Врз основа на пристигнато барање од страна на Канцеларијата на Народниот Правобранител на РСМ (Заменик НП), во тек е подготовка на информација со барани податоци за работењето на правниот субјект Цементарница Усје која ќе биде доставена до барателот во законски утврдениот рок. ДИЖС редовно ќе врши инспекциски надзори во правниот субјект согласно утврдени планови за работа, додаваат од Инспекторатот.

Слични содржини