„Дизни“ најави продолжение на „Кралот лав“

од Vladimir Zorba

„Дизни“ денес објави дека ќе снима продолжение на „Кралот лав“ во 3Д, а режијата ќе му биде доверена на Бери Џенкинс, кој го сними филмот „Месечината“.

„Кралот лав“, кој беше успешен во киносалите, и покрај млаките критики, излезе во 2019 година и заработи околу 1,6 милијарди долари. Во тој цртан филм, гласовите ги позајмија многу ѕвезди, вклучувајќи ја и пејачката Бијонсе.

„Дизни“ не соопшти други детали, додека Џенкинс рече дека неговиот сон е да работи со таа компанија.

„Месечината“ на Џенкинс освои „Оскар“ за Најдобар филм во 2017 година.

Слични содржини