ДКСК ги одби приговорите од Левица и коалицијата Најдоброто за мојата општина

од Vladimir Zorba

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги одби приговорите од политичката партија Левица и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.

Членот на ДКСК, Нури Бајрами рече дека наводите од приговорот на „Левица“ за финансирањето на политичкото рекламирање на кандидатката Данела Арсовска, не се потврдени и правно неиздржани и затоа ДКСК не е во можност да предлага мерки во согласност со своите надлежности.

Од анализата на изнесените наводи од приговорот и посочените одредби на Изборниот законик, како што посочи Бајрами, се потврдува дека Арсовска и коалицијата „Обнова за Македонија“ настапуваат како два различни субјекта и нема склучено официјален писмен договор за коалиција на двете страни

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во врска со вториот приговор, рече дека според распоредот од ДИК, независниот кандидат Максим Димитриевски кој е кандидат за градоначалник на Куманово има добиено три локации, додека во приговорот стои дека има девет локации дополнително обезбедени преку системот „прв дојде и прв услужен“.

Во приговорот се наведува дека со низа дејствија на независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово предложен од група избирачи „За наше Куманово“, Максим Димитриевски му е овозможено да користи поголем број рекламни паноа и билборди од предвидените 10 проценти согласно ченот 78 став 4 алинеја 4, а во врска со ставот 2 на истиот член од Изборниот законик како вкупен процент на дозволени рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање на територијата на определена општина, а во случајот општината Куманово.

Слични содржини