ДКСК ќе го прати до Уставен мислењето за Законот за стратешки инвеститор за изградба на автопатишта

од Берта Китинска

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе го даде на Уставен суд своето мислење по однос на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба автопати, откако денеска претседателот на државата Стево Пендаровски го потпиша указот, изјави за МИА претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Од Кабинетот на претседателот наведуваат дека Законот е донесен со потребното мнозинство дека ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против.

-Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, соопштија од Кабинетот.

Слични содржини