ДКСК ќе поведе постапка против една партија која незаконско се финансирала за време на предвремените избори

Државната комисија за спречување на корупцијата, денес ќе покрене постапка пред Јавното обвинителство, во однос на една политичка партија за незаконско финансирање за време на изборната кампања за предвемените парламентарни избори.

Ова денес беше заклучок на оддржаната 45. седница на ДКСК.

– Постапувајќи по нашите надлежности ние во октомври доставивме барање до Државниот завод за ревизија и до Управата за финансиско разузнавање барање за надлежно постапување. Имаше сомневања дека дел од политичките партии се финансираат спротивно на изборниот законик, односно од недозволени извори на финансирање. Неодмана добивме одговор од Управата со кој се потврдија нашите наводи за незаконско финансирање на една политичка партија. Предлогот е за конкретната партија ние да покренеме иницијатива пред Јавно обвинителство за поведеување постапка, беше посочено на седницата, а заклучокот беше едногласно усвоен.

Исто така, комисијата ќе изработи и обраќање до Владата со барање за нејзино известување по однос на отворените предмети кои се однесуваат на дивоградбите во Охрид и Струга.

– Сакам јавно да реагирам за однесување на министерот за транспорт и врски бидејќи ние како комисија испративме барање уште во јуни да кажат како планираат да постапат со бесправно изградените објекти во Струга и Охрид. Владата ни одговори дека го задолжила Министерството да постапи и да ја извести Владата за тоа постапување, а Владата да не извести нас. По медиумите видов министерот пред една недела при посета на Охрид кажал дека Владата донела заклучок да се реши крајбрежјето кај Охридското езеро. Мислам дека тој заклучок требало Владата да ни го достави нас, рече членот на ДКСК Горан Трпеноски.

Седницата продолжи со постапување по конкретни предмети.

Слични содржини