ДКСК отвара случај за куќата во Тафталиџе на Таравари

од Vladimir Zorba

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) по сопствена иницијатива, оформи предмет за проверка на наводите дека градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари купил недвижност во Скопје од друг јавен функционер, за сума помала од пазарната.

Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски му ја продал куќата на лидерот на Алијанса и градоначалник на Гостивар Таравари во скопско Тафталиџе за само 500 евра по квадрат.

Според објавените информации, Јахоски го поседувал овој имот уште од 2013 година, а на Таравари му го продал пред 2 години.

„Куќата е купена во 2021 година, постапката и документацијата за купопродажба е во целост чиста“, изјавил Таравари за „Фокус“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, коментирајќи го овој случај во Собранието, го обвини Таравари дека „куќата ја добил на подарок за да ја трансформира Алијанса на Албанците од опозициска во владејачка партија“.

Слични содржини