ДКСК отвори случај против секретарот на Град Скопје

од Nikola Popovski

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори случај за генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски.

Велковски, покрај функцијата во Градот, ја извршува и функцијата советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Неодмна СДСМ обвини дека „ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска со назначување на Велковски го прекршија законот, поточно член.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси“.

-Неговата плата во Град Скопје е околу 50.000 денари, и заедно со надоместот како советник Велковски од парите на граѓаните месечно добива околу 68.000 денари. Антикорупциската комисија да постапи по ова очигледно прекршување на законите, случајот да биде расчистен а одговорните да бидат соодветно санкционирани согласно законите, побараа од владеачката партија.

Слични содржини