ДКСК за џипот на Рашковски: Ќе биде пријавено во финансиска полиција доколку е прикажан нереален анкетен лист

од Берта Китинска

На денешната прес-конференција Билјана Ивановска од Антикорупциска комисија одговарајќи на новинарско прашање за џипот на Драги Рашковски рече дека ќе биде пријавено во Финансиска полиција доколку поранешниот секретарот на премиерскиот кабинет прикажал нереален анкетен лист.

– Доколку утврдиме ние разлика помеѓу имотот што е прикажан и месечните приходи што ги има, таков е нашиот закон, тогаш одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш нели се вклучуваат и други институции како што е финансиска полиција. Они имаат посебни методи за истражување и тоа ќе си го докажуваат,но ќе повторам дека е неопходен законот за потекло на имотот рече Ивановска.

„360 Степени“ вчера објави дека поранешниот секретар на Владата Драги Рашковски вози луксузен џип кој не е пријавен во неговиот анкетен лист.Станува збор за „волво“ од актуелната генерација на моделот, при што најновиот основен модел вреди 74.000 евра.

Рашковски не одговорил во чија сопственост е возилото што го користел за приватни цели, а таква информација не дале ниту од МВР.

Слични содржини