Дневна статистика: Починаа 17 лица, регистрирани се 392 нови случаи на КОВИД

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 180, Куманово – 32, Кавадарци – 20, Битола – 18, Кочани – 17, Прилеп и Велес – по 16, Кичево – 14, Тетово, Охрид и Штип – по 11, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Кратово – 6, Радовиш и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Гостивар, Струмица, Делчево и Виница – по 2, Неготино, Дебар, Берово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од: Скопје – 195, Тетово – 16, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци и Радовиш – по 11, Кочани и Прилеп – по 9, Кичево – 8, Гостивар – 7, Штип и Свети Николе – по 6, Ресен и Неготино – по 5, Битола – 4, Гевгелија, Берово и Македонски Брод – по 3, Куманово, Валандово и Пробиштип – по 2, Виница, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), 2 починати лица од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: 2 од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67-93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 2 лица се починати во домашни услови.

Направени се 4.633 тестови преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–48, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–26, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Авицена-339, Биотек-372, Систина-84, лабораторија Лаор-285, Синлаб-37, Ремедика-14, Плодност–66, Генеа-12, Никоб лаб-620, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-119, Ројал Медика –40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.815.

Досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.

Слични содржини