Дневниот центар во Липково ќе обезбеди стручен третман за 38 деца со попреченост

од Stefanija Kuzmanovska

Децата со попреченост од населените места во Oпштина Липково од денеска добиваат специјализирана социјална услуга од Здружението Имаго Плус, на кое денеска му беше доделена дозвола за вршење дејност од социјална заштита за давање на социјална услуга од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Новиот Дневен центар обезбедува индивидуален пристап, професионален и стручен третман за вкупно 38 деца со попреченост.

Услугата предвидува индивидуална, групна и окупациска терапија на децата со попреченост, а покрај тоа во Дневниот центар ќе се спроведуваат и стручни советувања и работилници за помош на родителите на децата, соопшти министерката Јагода Шахпаска.

Слични содржини