ДНР: Украинците погодија автобус во Доњецк, тројца загинати

од Nikola Popovski

Три лица загинаа денеска, а пет се ранети кога граната истрелана од украинските сили погоди градски автобус во Доњецк, соопшти штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).

Во соопштението се додава дека едно лице загинало, а 14 се повредени во гранатирањето на областа Кујбишев во Доњецк, пренесува РИА Новости.

Се наведува и дека претходно во текот на денот петмина жители на градот биле повредени кога гранати погодиле една од болниците.

Во соопштението се наведува дека цел на нападот била и железничката станица.

Слични содржини