Дојави за бомби во 18 училишта во државава

од Stefanija Kuzmanovska

На електронските адреси на 18 училишта, од кои 16 во Скопје и две во Куманово денеска е стигната дојава за поставени експлозивни направи.

Од министерството за внатрешни работи информираат дека дојава е стигната и на приватните мејлови на девет професори во истите училишта.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопштуваат од МВР.

Слични содржини