До 15-ти јули ќе бидат вакцинирани сите пријавени

од Берта Китинска

Вчера попладне пристигнаа 100.620 дози вакцини Фајзер, преку  КОВАКС механизмот.

-Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, рече министерот за здарвство Венко Филипче.

Според планот на министертсвото за здравство од 15 –ти наредниот месец вратите на вакциналните пунктови ќе бидат отворени за сите кои сакаат да се заштитат од Ковид 19 и не мора претходно да бидат пријавени.

На располагање се вакцините Фајзер и Синовак, но граѓаните немаат право на избор.

Се очекува в недела да пристигнат 500 илјади дози од вакцините против Ковид-19  „Синовак“ , а денеска уште 100 илјади вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот.  Тие ќе се ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Очекува вакцините да се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.

Слични содржини