До 4 години затвор за возачот кој го усмрти Шабан

Возачот и турскиот државјанин Алсин Левент кој го предизвика сударот во кој живтотот го загуби пејачот Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ, по германскиот закон му прети казна до четири години затвор, пишува српски Курир.

На обвинетиот на терет му се ставаат казнено дело убиство од небрежност, нанесување телесни повреди во сообраќајна несреќа, возење без возачка дозвола, како и управување со автомобил под дејство на алкохол. Наместо дозволените 80 километри на час, Левент возел 160 километри на час.

Семејство на Шабан Шаулиќ верува во тоа дека германското правосудство ќе направи се што е потребно.

– Законот е таков и казната не може да се продолжи, така да секое барање потади законска регулатива ќе биде неосновано и однапред осудено на пропаст. Од друга страна, кога нечија небрежност и ароганција убиваат човек, секоја казна, во очите на најблиските, е недоволна – рекле од семејството на починатиот пејач.

Семејството на Шабан планира да подигне приватна тужба против турскиот државјанин и да бара отштета во износ од 300.000 евра за претрпената болка.

Слични содржини